top of page
Пирамидалните образовни консултанти од Грција се единствени авторизирани застапници на PECS® и Pyramid Approach to Education® за обуката во Македонија. Пирамидален консултант вработен во Пирамидалните образовни консултанти на Грција, Елеана ЛоготетиСофија Коулоура, и Елени Скоури, ќе ги презентираат Functional ABA: Pyramid Approach to Education® Basic Training и PECS® Level 1 Training

Нашите Обучувачи

Eftyhia Arampisoglou

Ефтихија Арамписоглу има дипломирано на логопедија во 2003г. Таа е постдипломец на универзитетот во Велс Бангор, и ќе магистратура во ПАО во 2015г. Таа е генерален директор на Пирамидалните образовни консултанти во Грција и презентира обуки во Грција и Кипар од 2008г. Обучена е за функционалната анализа на однесувањето, имплементација на позитивните програми на однесување (Планови за поддршка на позитивното однесувње - Positive Behavior Support Plans), и  Пирамидален пристап на образование  Pyramid Approach to Education®, програми кои се значајни за децата и нивните семејства. Таа работи како супервизор во PECS® програмите и логопедски сесии, исто така обезбедува PECS®  консултации и супервизија на професионалци и помагала во адаптација на PECS® на грчки јазик и култура.  Учествувала во организација на PECS® интензивна обука за деца, родители, и професионалци во Грција и Кипар во последните 8 години. Со своја  презентација учествувала на конференција на тема: "Аутистичен спектар на нарушување" (АСН), во Грција и надвор од неа.  Таа исто така е супервизор за практична настава на студенти по логопедија на Агеан Омирос Колеџ во Атина.

Eleana Logotheti

Елеана Логотети е дипломиран психолог и магистер за детски развој на универзитетот во Лондон од 1997г. Таа работи со деца со аутизам од 1998г. и има долго искуство во евиденција на методи за интервенција во аутизмот, вклучувајќи го PECS®, DTT, и PRT. Таа имала обука во DTT, PECS®, PRT, и моделот VB преку официјални работилници и практична работа под супервизија на дипломирани аналитичари на однесување.  Таа е портиџ обучувач.  Таа е дипломиран PECS® имплементатор, консултант и одржува обуки според PECS® и Пирамидалниот пристап на образование на родители и професионалци во Грција и Кипар. Таа го имплементира PECS® во Грција од 2003г. со деца со различни видови пречки, во центарот и во домашни услови.  Таа е коосновач на ENAVSMA детски центар за деца со АСН и други комуникациски пречки во Атина, Грција, обезбедувајќи директна интервенција, консултација со терапевт, супервизија и обука на родител.  Таа е директор на дневната програма за деца со АСН во  ENAVSMA каде PECS® е имплементиран да ја подучува функционалната комуникација значајна за детето.

© 2014 by POU "Maca Ovcarova".

Proudly created with Wix.com

bottom of page