top of page

За Pyramid Educational Consultants, Inc.

Pyramid Approach to Education®
 

Пирамидален пристап на образованието (Pyramid Approach to Education ®) е единствен модел на настава која воспоставува ефикасни средини за учење на лица со пречки во развојот и / или проблеми во учењето. Создаден од страна на д-р Ендру Банди, и врз основа на принципите на применета анализа на однесување –ПАО (applied behavior analysis - ABA). Овој модел нуди солидни основи за оние кои подучуваат во училница, дома или во заедницата.


Пирамидалниот пристап е базиран на два елемента на подучување: стуктурален и инструкциски.  Структуралните елементи ја формираат базата на Пирамидата, правејќи околина со која ќе се охрабрува учењето. Основните елементи влклучуваат:

  • Функционални активности

  • Системи за награди

  • Функционална комуникација

  • Идентификација и промена на несоодветно однесување во даден контекст

 

Инструкциските елементи го формираат врвот на Пирамидата и вклучуваат информација релевантна за креирање ефикасни часови.  Најважните елементи вклучуваат:

  • Генерализација

  • Креирање ефикасни часови

  • Специфични наставни стратегии

  • Корекција на грешка (единствено развиена и адаптирана на специфичните наставни стратегии)

 

Сите елементи вклучуваат податоци базирани на правење на одлуки.  Кога сите елементи се комбинирани, резултатите од пристапот ќе бидаат успешни секаде.  Пирамидата покажува како да се подучува, подобро од колку што да се подучува и дозволува програмата на секој ученик да биде индивидуална според потребата на детето. 

Следни Обуки:
 
6-9.11.2014 - Functional ABA: Pyramid Approach to Education® Training и PECS® Level 1 Training

Picture Exchange Communication System®

Комуникацискиот систем со разменување слики (The Picture Exchange Communication System®-PECS®) е развиен во 1985 г.  како единствен голем/ алтернативен пакет со обука кој подучува деца и возрасни со аутизам и други комуникациски пречки за да иницира комуникација.  Првпат е употребен во Делавер Аутистична Програма, PECS®  добива светско признание за фокусирањето на почетната компонента во комуникацијата. PECS®  не бара комплекс од скапи материјали. Тој е креиран со едукатори, домашни асистенти и фамилии кои се земени предвид, и е користен во различни варијанти.

 

PECS® почнува со подучување на ученикот да размени слика на саканиот предмет со “учителот”,  кој веднаш го почестува со бараниот предмет. Протоколот на обуката е базиран на книгата од Б.Ф. Скинер, "Вербално Однесување", така што функционалните вербални говорници се систематски учени да користат помошни и наградувачки стратегии, кои ќе водат до независна комуникација.  Вербалната помош не е користана затоа што таа гради само моментален успех и затоа се избегнува за да нема зависност од помош. Системот продолжува да подучува како да се прави разлика меѓу симболите и потоа како да се стават сите во едноставни реченици. Во најнапредните фази лицата се учат да коментираат и одговараат директни прашања.  Многу деца на предшколска возраст користат PECS® исто така за да им се развие говорот.

 

Системот бил успешен со адолесценти и возрасни кои имаат широк спектар на комуникациски когнитивни и физички пречки. Основата за системот е PECS®  Прирачник за обука второ издание, од Lori Frost, MS, CCC/SLP и Andrew Bondy, PhD. Прирачникот ги обезбедува сите потребни информации за ефикасна имплементација на PECS®. Тој ги води читателите низ шест фази на обука и обезбедува примери, корисни знаци и табели со подадоци и извештај за напредокот.  Овој прирачник е одобрен од професионалци во полето на комуникацијата и анализите на однесувањето како ефикасен и практичен водич до еден од најиновативните достапни системи. 

 

PECS® е посебно успешен ако е соодветно комбиниран со елементи од анализите на однесувањето. Прирачникот нуди многу предлози за одредување соодветна награда, стратегии за подучување , намалување на помош и други можни пречки. Авторите ги охрабруваат корисниците на PECS® да направат погодна средина и да се поттикнат комуникациите преку користење на Пирамидалниот пристап на образование. Прирачникот разбирливо ја објаснува Пирамидата и начинот како таа може да биде етаблирана во различни варијанти.

PECS® во кратки црти
 

Фаза I: Ги оспособува учениците да иницираат комуникација од самиот почеток преку размена на една слика за многу посакуван предмет.

Фаза II: Ги оспособува учениците да бидат упорни комуникатори- активно да ги пронајдат сликите и да одат до некој за да направат размена. 

Фаза III: Ги оспособува учениците да ги распознаваат сликите и да ја изберат сликата што претставува предмет кој тие го сакаат. 

Фаза IV: Ги оспособува учениците да користат реченична структура за да направат  барање во формата “Јас сакам____”. 

Фаза V: Ги оспособува учениците да одговараат на прашањето "Што сакаш?"

Фаза VI: Ги оспособува учениците да коментираат за работи во нивната околина, спонтано и во одговор на прашање..

Зголемување на вокабуларот: Ги оспособува  учениците да користат атрибути како што се бои, форми, и големини во рамките на нивните барања. 

 

© 2014 by POU "Maca Ovcarova".

Proudly created with Wix.com

bottom of page