top of page

Опис на обуката

"Education is the most powerful weapon which   you can use to change the world". Nelson Mandela
Functional ABA: Pyramid Approach to Education® Training
 

Ова е работилница за имплементатција на Pyramid Approach to Education® направена за тимови од различни области (родители, ученици, логопеди, психолози, дефектолози, итн). Оваа обука ќе им помогне на професионалците и родителите за да ги разберат основните критични компоненти кои ќе обезбедат успешно подучување и учење. Основните методи на подучување на Пирамидата можат да се користат за да се поддржи независноста и сооработката, подобрување на однесувањето, подучување во домот, школото и заедницата. Учесниците ќе бидат обучени за применетата анализа на однесувањето (Applied Behavior Analysis - ABA) на истиот начин како што Д-р Банди ја применува  во Пирамидата во САД и надвор од нив. Апликацијата на ПАО дозволува воспоставување на ефикасни средини за подучување кои постојано ја поддржуваат мотивацијата и поттикот од страна на ученикот. Пристапот ПАО  значи фунционалност на она што е веќе научено и е исто толку добро како што е подучувањето во природна средина. Обуката на функционала комуникација е од примарна важност и е направена според принципите на Вербалното однесување како што е опишано и дефинирано од Скинер. Пирамидалниот пристап на образование не зависи од комуникацискиот модел кој ќе го користи лицето: (говор, слики, или знаци). Учесниците ќе бидат обучени за различни начини на подучување на функционалниот ПАО пристап.  

 

Учесниците ќе научат: 

  • Како да се идентификуваат компонентите за ефикасна средина за учење

  • Како да се создадат ефективни визуелни стратегии за сите ученици

  • Како да се идентификуваат и опишуваат функционалните активности низ различни области и средини

  • Како да се дефинира функционалната комуникација и да се идентификуваат условите под кои тоа се случува

  • Како да ги идентификуваме соодветните образовни планови кои ќе одговараат на различните вештини на ученикот 

  • Како да се идентификуваат ефикасни наставни стратегии за промовирање на вештини низ различни области и средини

  • Како да се спроведе ефикасна стратегија за корекција на грешка, стратегија за промовирање на вештини низ различни области и средини 

  • Како да креирате наставни планови во кои ќе бидат вклучени сите аспекти на Pyramid Approach to Education® 

  • Како да го дефиниранме конкретното однесување кое треба да се коригира

  • Како да се изнајде алтернативно однесување кое ќе биде еквивалентно на несоодветното однесување

PECS® Level 1 Training

 

Интензивната дводневна обука е направена за да ги обучи учесниците за теоријата на Комуникацискиот систем со разменување слики (Picture Exchange Communication System®) и протокол  за како соодветно да се имплементираат шесте фази на PECS®. Комуникацискиот систем со разменување слики (PECS®) е корисен за брзо да се научат комуникациските вештини на оние со ограничен функционален говор. PECS® промовира комуникација со социјален контекст без да има потреба од предобука. Обуката во PECS® почнува со подучување на спонтано барање и продолжува со подучување на дополнителни комуникативни активности, како: одговарање на прашања и коментирање.  Овој систем за комуникација е дополнително атрактивен за децата од предучилишна возраст со аутизам и други деца со слични пречки да развијат независен говор. Обуката ќе почне со преглед на Pyramid Approach to Education® за да се истражат клучните компоненти за создавање на ефикасни образовни средини. Историскиот преглед на претходните јазични програми е користен за да се создаде погоден комуникациски систем. Исто така е дискутирано за тоа како да се постави средината со мноштво на комуникациски можности. Учесниците ќе научат како да ги имплементират шесте фази на PECS® преку презентирање видео примери и играње улоги. Учесниците ќе ја завршат работилницата со основни знаења, како да се имплементира PECS® со лица со аутизам и слични развојни пречки и/или ограничени комуникациски вештини.

© 2014 by POU "Maca Ovcarova".

Proudly created with Wix.com

bottom of page